Гостивар одново пазари во Турција: Се засили со екс фудбалер на Фенербахче

Екипата на Гостивар во минатиот, летен преоден рок беше најактивна на трансфер период, а такво нешто се очекува и сега.

Па така доцна синоќа клубот го промовираше своето прво зимско засилување, а станува збор за голман кој доаѓа од Турција.

Станува збор за Ертен Ерсу кој доаѓа од редовите на Газиантеп, а има играно и за Коњаспор. Најголем дел од кариерата, седум години има играно во славниот Фенербахче.

За потсетување летово во Гостивар од оваа држава дојде уште еден екс играч на Фенербахче, Алпер Потук.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО