Италијанските клубови преговараат Серија А да се намали на 18 тима!

Клубовите од италијанската Серија А започнаа преговори за намалување на бројот на екипи во елитниот фудбалски ранг.

Најмоќните италијански клубови се заговорници на идејата дека во Серија А треба да се натпреваруваат 18 екипи. Против таа идеја се клубовите од средината и од долниот дел на табелата.

Преговорите меѓу клубовите во кои е вклучен и првиот човек на Серија А, Лоренцо Касини, „Газета дело спорт“ ги означува како неофицијални. Во следната рунда преговори би требало да биде вклучен и претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз, Габриел Гравина.

Најмоќните италијански клубови сакаат да го намалат бројот на екипи во Серија А поради најавениот нов формат на Лигата на шампиони (ЛШ) и на клупското Светско првенство (СП). Тие стравуваат од пренатрупаниот распоред.

За да стапи во сила одлуката за намалување на бројот на екипи во Серија А, од сегашните 20 на 18, ќе биде потребно позитивно да се изјаснат најмалку 14 клуба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО