Чави суспендиран на два натпревара, забраната истекува до „Ел класико“

Тренерот на Барселона, Чави суспендиран е на два натпревара во Ла лига поради исклучувањето на натпреварот против Атлетико Мадрид.

Шпанскиот стручњак ќе може да биде на тренерската клупа на 21 април, за „Ел класико“ кога неговата екипа ќе игра против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Чави ќе пропушти два натпревара од домашното првенство, со Лас Палмас и со Кадиз.

Покрај суспензијата од два натпревара, Чави ќе мора да плати парична казна од 600, а Барселона од 700 евра!

На натпреварот од 29. коло меѓу Атлетико Мадрид и Барселона, на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, што го добија Каталонците од 3:0, Чави во 41. минута доби жолт картон поради приговор на судијата, кој, според него, не ги казнуваше домашните фудбалери за очигледни прекршоци.

Неколку минути подоцна при еден фаул, тренерот на Каталонците повторно реагираше кон судијата, кој притрча до него и му покажа директен црвен картон.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО