Голема распродажба во Барселона, само тројца се недопирливи

Откако се премисли и ја повлече одлуката за напуштање Барселона на крајот од сезоната, Чави почна да размислува за обнова на тимот за следната сезона.

Тренерот на Барселона сака да го засили тимот со неколку нови играчи, но Каталонците прво ќе мора да продадат некои играчи пред да направат скапи трансфери. За ова е свесен и Чави кој на клупското раководство му порача дека само тројца играчи се недопирливи.

„Мундо Депортиво“ пишува дека тоа се Гави, Ламине Јамал и Пау Кубарси, што значи дека останатите може да се продадат. Чави сака да ги задржи тројцата млади фудбалери и продукти на „Ла Масија“, кои долги години треба да бидат предводници на тимот.

Најстариот меѓу нив е Гави, 19-годишен играч од средниот ред, додека Јамал и Кубарси, двата големи талента, родени се 2007 година. Јамал на позицијата крилен напаѓач имаше голема улога сезонава, а Кубарси се наметна на позицијата стопер во вториот дел од сезоната.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО