Голема привилегија од ЕХФ за Начевски и Николов: Ќе го судат полуфиналето Шведска – Франција

Македонските ракометни судии, двоецот Славе Николов – Ѓорѓе Начевски, ја доби привилегијата да го суди денешното полуфинале на ЕП во Германија.

ЕХФ ги вреднува македонските судии години наназад и како и претходно, на ова ЕП повторно им е поверена голема одговорност, да го судат дуелот за финале помеѓу репрезентациите на Шведска и Франција.

Натпреварот ќе се одигра пред преполната „Ланксес Арена“, а почетокот е закажан за 17:45 часот.

Во вториот натпревар од каде ќе се одлучува кој ќе биде финалистот, ќе играат Данска против Германија (20:30).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО