Зошто Јунајтед одби да преговара со Карим Бензема?

Британските медиуми пренесуваат вест дека управата на Манчестер Јунајтед, ја одбиле понудата да преговараат со агентот на Карим Бензема, за евентуален трансфер.

Познато е дека Бензема имаше извесни проблеми во Ал Етифак и сакаше и се уште посакува да си замине, но како што стојат работите, тој би можел да си замине, само доколку Лион е истраен во желбата да го врати назад.

Раководството на Ал Етифак го суспендираше Бензема поради доцнење на подготовките на клубот за вториот дел од сезоната, па сега по секоја цена сака да ја напушти Саудиска Арабија.

Британските медиуми пренесоа дека францускиот фудбалер преку агентот, се понудил на „црвените ѓаволи“, бидејки на нив им недостасува свежа крв во нападот и проверен голгетер, но веднаш ја одбиле таа понуда за преговори.

Како причина за тоа навеле дека веќе го планираат буџетот и финансиската платформа за следното лето, каде ќе трошат сигурно на четири до пет нови фудбалери.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО