Бензема ќе прави кам-бек во Реал Мадрид? Се огласи неговиот брат!

Карим Бензема по секоја цена настојува да ја напушти Саудиска Арабија до крајот на јануари, но од таму го опструираат поради тоа што тој задоцни на подготовките за вториот дел од сезоната.

Еден од најдобрите голгетери во поновата историја на фудбалот, направи голем потег пред неколку месеци, кога го напушти Мадрид и се пресели во Саудиска Арабија, во трансфер кој беше еден од највредните во историјата на фудбалот, бидејки тој требаше да заработува по 200 милиони евра по сезона.

Сега арапските челници не сакаат да го ослободат и стојат на тој став, а што се однесува до Бензема, тој повторно се гледа во Европа, се споменуваше Манчестер Јунајтед, но таа опција пропадна, сега нови опции за Бензема се Лион, а можеби дури од некои шпекулации и Реал Мадрид.

Француските медиуми исто така пуштија информација дека Карло Анчелоти е расположен повторно да го види Бензема во дресот на „кралевите“, но дека тоа не зависи од него.

Сепак, крај на шпекулациите стави братот на Бензема, кој на социјалните мрежи порача дека враќањето во Реал Мадрид не е опција и дека сите гласини околу тоа се невистинити.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО