Кошаркарите на Црвена Звезда обезбедија прва победа вечерва против Партизан на почетокот од плеј-оф серијата во Суперлигата на Србија.
Домаќините имаа предност скоро цел натпревар, но во финишот тоа можеше да доживее пресврт и натпреварот да оди во полза на „црно-белите“, но тоа Зек Ледеј не го искористи и „црвените“ поведоа во серијата.
Константната предност на домаќините се стопи во последните 10 минути и се играше кош за кош во финишот, па на крајот само една топка решаваше, онаа на Ледеј која не успеа да влезе за победа на „црно-белите“.
Најефикасен во победничката екипа беше Давидовац со 23, додека за Партизан најмногу се истакнаа Алекса Аврамовиќ со 20 и Анѓушиќ со 17 поени.
Вториот натпревар се игра во среда навечер од 20:00 часот кога Партизан практично ќе биде домаќин во „Белградска арена“.
Трофејот ќе го освои екипата која прва ќе дојде до две победи во серијата.