Ги исмеваа дека се селска лига. Сега е можно да имаат шест тима во ЛШ

„Убава работа, мои селани“, напиша Матс Хумелс на Х (порано Твитер) пред една недела, по првите полуфинални натпревари во еврокуповите. Прославениот германски дефанзивец ова им го кажа саркастично на сите, а ги има многу во фудбалскиот свет, кои ја исмеваат Бундеслигата.

Поради доминацијата на Баерн, што е причина за наводно здоедевната лига, и фактот што има многу клубови од помали градови, хејтерите од Англија, Бундес лигата ја нарекуваат „Фармерс лига“ или „селска лига“, подбивна изрека што се прошири на глобално ниво.

Но смеата и потсмевот стивнаа откако „селаните“ од Дортмунд, Минхен и Леверкузен беа успешни во првите полуфинални натпревари од Лигата на шампиони (ЛШ), односно во Лига Европа (ЛЕ).

Благодарение на ова, но и поради тоа што германските клубови со години вредно собираат бодови во европските натпреварувања, Бундес лигата од следната сезона доби дополнително, петто место во ЛШ, како и италијанската  Серија А, уште една лига која честопати е предмет на потсмев.

До неодамна беше незамисливо она што се случува во моментов. Италија да е втора, а Германија четврта лига по успех во европските купови. Но, Германците лесно можат да ги минат Шпанците на третата позиција, бидејќи имаат еден финалист и двајца полуфиналисти во еврокуповите, а Шпанците само еден.

По синоќешниот сензационална победа на Борусија Дортмунд над ПСЖ, Германците може да имаат и шест тима во ЛШ.

„Фудбал ранкинг“, кој се занимава со рангирањето на европските клубови и проекциите и пермутациите на нивните статуси во континенталните натпреварувања, пресмета дека и клубот кој ќе ја заврши на шестото место Бундеслигата ќе игра во ЛШ следната сезона, под услов Борусија Дортмунд да триумфира во ЛШ и да биде петопласирана.

Тоа е остварливо. Борусија веќе е во финалето на ЛШ, каде што ќе и се приклучат Реал или Баерн. На две кола до крајот на Бундеслигата, Борусија е на петтото место, и ниту еден тим, теоретски не може да ја мине.

Со оглед на тоа дека во Бундеслигата играат 18 екипи, и на Германија за догодина и се загарантирани седум  клуба во Европа, пет во ЛШ и по еден во ЛЕ и во Лигата на конференции (ЛК), доколку добие уште едно место во ЛШ, во следната сезона речиси половина екипи од Бундес лигата би играле во еврокуповите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО