Луис Енрике: Немавме среќа, заслуживме многу повеќе

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике не беше многу расположен за зборување по елиминацијата на неговиот тим во полуфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ) од Борусија Дортмунд.

Францускиот тим на тој меч неколкупати ја погоди пречката и стативата од голот на противникот, но ниту еднаш не успеа да постигне гол, и испадна.

-Тоа е суштината. Мислам дека заслуживме многу повеќе. Создадовме многу шанси, но среќата не беше на наша страна. Шест пречки или стативи на два натпревара, а да не постигнеш гол не е вообичаено. Немавме среќа. но мораме да бидеме позитивни и покрај се’.

Сега не е време да ја анализираме нашата сезона во Лигата на шампиони. Мора да се обидеме да останеме позитивни, изјави Луис Енрике по мечот.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО