Челси донесе одлука за иднината на Покетино

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, најверојатно ќе ја продолжи работата во лондонскиот клуб и по завршувањето на сезоната 2023/24. Според пишувањето на новинарот Бен Џејкобс на социјалните мрежи, раководството на Челси е против  отпуштање на Покетино.

Веројатноста за продолжување на соработката меѓу двете страни е доста голема. Клубот позитивно ја оценува работата на аргентинскиот стручњак кој го презеде Челси минатото лето.

По 34 натпревари сезонава во Премиер лигата, лондонскиот клуб има 51 бод и се наоѓа на осмото место. Избраниците на Покетино стигнаа до финалето на англискиот Лига куп каде што загубија од Ливерпул, 0:1.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО