Германија убедливо со Унгарија за голем исчекор кон полуфинале

Германските ракометари остварија голема победа против Унгарија и направија многу важен чекор кон полуфиналето на Европското првенство.

Во текот на целиот натпревар, а особено во вториот дел, Германија беше многу подобар противник и на крајот сосема заслужено победи со 35:28.

Интересно е што Германија имаше водство на отварањето на натпреварот, но до крајот на првото полувреме двете селекции наизменично се менуваа во предност.

Германците на пауза заминаа со минимално водство, а резултатот гласеше 18:17 во корист на домаќините на ЕП.

На отворањето на вториот дел Германија прво оди на плус три, а потоа и на плус четири, па на крајот успеа да го скрши противникот.

Со резултат 28:22 отидоа на плус шест и беше јасно дека нема враќање за Унгарците на овој меч.

Германија до крајот на натпреварот играше многу сигурно во нападот и на крајот забележа заслужена победа.

Костер беше најефикасен против Германија со осум постигнати гола. Од друга страна, најдобри Унгарци беа Анчин и Роста со по шест гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО