Брајтон и Вулвс без голови

Фудбалерите на Брајтон и Вулверхемптон ремизираа (0:0) во последниот натпревар од 21. коло на Премиер лигата.

Брајтон беше поконкретен во првото полувреме, очекувано избраниците на Де Зерби ја држеа топката во свои нозе, но тешко доаѓаа до опасната зона и реалните прилики.

„Волците“ чекаа шанси на контра, од една таква ситуација Педро Нето шутираше од 20 метри само покрај стативата.

Второ полувреме – слична слика, Брајтон со поседот на топката во противничката половина, Волвс на контра од организирана одбрана, а повторно Нето беше најопасен во една ситуација кога беше сопрен од голманот Стил.

Во продолжение Де Зерби го освежи нападот, го внесе Фергусон, па го освежи тимот со Лампти, Лалан и Вебстер, но вечерва гостите одлично се бранеа и заслужено дојдоа до бод

Брајтон сега е седми со 32 бода, Волвс се на средината на табелата со 29.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО