Германија ја победи Франција во Лион, голот за почетно водство падна во 7. секунда

Светските шампиони од 2014 година и домаќини на следното ЕУРО, синоќа на стадионот во Лион, го победија домаќинот Франција со 2:0.

Германците така по долг период пружија добра партија против една голема репрезентација, а победата против „триколорите“ ќе им донесе голема доза на самодоверба пред почетокот на првенството (ЕП).

Дека ќе биде добро по Германија, се виде уште во седмата секунда, кога Флоријан Вирц во виорот на првата акција повлече нога и постигна гол за гостите.

Интересно е тоа што синоќа беа постигнати на два меча, два гола во првите седум секунди, што ја направи ноќта специфична. Австрија постигна гол во 6. секунда, додека Германија секунда подоцна.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО