Гасперини го „замолкна“ Алонсо, па порача: Не само што победивме, туку како ги победивме!

Џанпјеро Гасперини има фантастична сезона со Аталанта, вечерва триумфираа во големото финале од Лига Европа, каде го добија Баер Леверкузен кој до оваа средба беше непобедлив.

Иако многумина веруваа во нешто поразлично сценарио во финалето, сепак италијанската екипа ја носи титулата дома од Даблин.

Несомнено дека импресиите се силни кај играчите и тренерот, кој по натпреварот на кратко искоментира.

– Не само што победивме, туку како ги победивме. Горд сум на момците, на нивните перформанси, освоивме нешто големо. Ги добивавме сезонава Ливерпул, Спортинг, сега и Баер Леверкузен, ние сме шампиони, порача Гасперини.

За тимот од Аталанта вечерва хет трик постигна Адемола Лукман, име кое силно ќе звучи низ историјата на финалињата во Лига Европа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО