Алонсо разочаран од поразот – посочи дека и тој можеби во нешто погрешил

Баер Леверкузен е конечно поразен сезонава, а тоа се случи во големото финале од Лига Европа, кога најмалку им беше потребен пораз.

Аталанта успеа да победи со 3:0, а Чаби Алонсо смета дека италијанската екипа ја „загушила“ нивната игра, но дека е горд на својата екипа на сезоната која ја имаат.

„Фармацевтите“ од стартот на сезоната одиграа 51 натпревар без пораз, се до финалето во Даблин, но и покрај тоа, ова е нестварен податок.

– Аталанта одигра добро и храбро. Дури и кога имавме каква таква шанса да постигнеме гол и да го свртиме натпреварот, тие добро се браниеа и не можевме да дојдеме до реална ситуација. Поразот дефинитивно боли, но мораме да го искористиме на позитивен начин.

– Она што го остваривме сезонава е неверојатно, мора да бидеме горди на оствареното. Имавме шанса да ја продолжиме низата, дадовме свој максимум, но тоа сепак не беше доволно. Сите моравме подобро од ова, па и јас како тренер, порача Алонсо, можеби алудирајки на дел од измените кои ги направи.

Баер по овој пораз има уште едно финале за играње, во Купот на Германија, каде ги чека дуел против Кајзерслаутерн и каде имаат реални шанси за двоен трофеј дома.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО