Тензии уште на почетокот од Ф4: Инцидент на Атаман со навивачи на Фенер

Два дена пред полуфиналните мечеви од Ф4 во Берлин, а веќе пристигнаа екипите во главниот град на Германија.

Евролигата, но и сите кредибилни кошаркарски медиуми, го испратија доаѓањето на четирите екипи низ хотелите во Берлин, а посебно беше доаѓањето на Панатинаикос, каде тренерот Атаман доби „жесток“ пречек.

Всушност Олимпијакос беа први кои пристигнаа, па екипажот на Реал, па Фенербахче и на крајот дојдоа и Панатинаикос.

Најинтересно беше до доаѓањето на ПАО и Атаман, кое беше одбележано со негативни скандирања од страна на навивачи на Фенер, кои му сервираа познати пцовки на турски јазик, на што тренерот Атаман реагираше.

Секунди потоа и Лесор влезе во конфликт со дел од турските навивачи на Фенер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО