Фудбалерките ремизираа против Молдавија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија не успеа да ј аискористи фаворитската улога на мечот со Молдавија за да ја оствари и втората победа во квалификациите за ЕП. Денеска во Скопје во 3. коло од квалификациите, избраничките на селекторот Андов одиграа 1:1 против Молдавија, иако имаа шанси за победа.

Со голот на Максути, Македонија во 52. минута поведе со 1:0, но радоста траеше само три минути. Гостинките преку Табур во 55. минута возвратија за иразминување на 1:1, што на крајот беше и конечен резултат на средбата.

По ова коло Македонија останаува на 2. место на табелата со 4 бода, додека Молдавија е последна со само еден бод.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО