Боатенг изненадувачки потпиша за австриски ЛАСК

Поранешниот репрезентативец на Германија, Жером Боатенг, има нов тим. 35-годишниот дефанзивец потпиша договор со третопласираниот состав во австриската Бундеслига, ЛАСК. Пролетта тој ја мина во италијанска Салернитана, но испаѓањето на тимот во Серија Б доби можност да замине како слободен играч. За Боатенг ЛАСК ќе биде седми клуб во кариерата по Херта Берлин, Хамбургер, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Лион и Салернитана.

Неговиот постар брат, Кевин Принс Боатенг, кој играше за Гана, се откажа од фудбалот минатото лето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО