Македонија ја оствари втората победа во квалификациите за ЕП 2025

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ја оствари втората победа во квалификациите за ЕП 2025, откако денеска славеше на гости кај Молдавија со 2-4. По ремито во Скопје, нашите фудбалерки успеаја да дојдат до планирана понеда, која интересно, вторпат е извојувана на гостински терен.

Македонија поведе уште во втората минута со автоголот на Бадичеану, а израмни Табур во 22. минута. Ново водство за Македонија донесе Наташа Андонова во 26.минута, а пред крајот на првиот дел погоди и Ленче Андреевска за 1-3.

Молдавките намалија со голот на Колник, но Наташа Андонова со својот втор гол ги разреши дилемите околу победникот во 75. минута од мечот.

Словенија останува лидер во групата со четири победи од исто толку меча. Македонија е втора.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО