Ролан Гарос ќе го добие петтиот победник по 20 години

Шпанецот, Калос Алкараз го совлада Гркот, Стефанос Циципас со 6:3, 7:6, 6:4, во четвртфиналето на Ролан Гарос и во полуфиналето ќе игра со вториот светски тенисер, Италијанецот, Јаник Синер, кој исто така беше убедлив против Бугаринот, Григор Димитров, 6:2, 6:4, 7:6.

Во второто полуфинале ќе играат Каспер Руд и победникот од денешниот меч, Алекс Де Минаур – Александар Зверев.

По повлекувањето на првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ поради повреда на коленото, Ролан Гарос ќе го има петтиот победник по 20 години. Последниот освојувач на Париз, кој не беше Рафаел Надал, Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ или Станислас Вавринка, беше Гастон Гаудио во 2004 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО