Атлетико Мадрид ќе се обиде да го донесе Алварез од Сити

24-годишниот фудбалер на Манчестер Сити, Јулијан Алварез, кариерата може да ја продолжи во Ла Лига.

За напаѓачот на Манчестер Сити сериозно е заинтересен мадридски Атлетико.

Како што пренесува „Марка“, Атлетико нема да може да се натпреварува со Манчестер Сити на финансиски план, но сепак ќе се обиде да ја спроведе операцијата и веќе работи на тоа. И да има најмала шанса за трансфер на Јулијан, Атлетико ќе се обиде да ја искористи.

Официјално, Атлетико не разговарал за можниот трансфер, но веќе ги воспоставил првите контакти и со играчот и со клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО