Францускиот дефанзивец на репрезентативниот собир пристигна со штикли!

Жил Кунде (25) и се приклучи на француската репрезентација пред подготовките за Европското првенство (ЕП) 2024. Дефанзивецот на Барселона на собирот во Клерфонтен пристигна со штикли, а во раката носеше чанта од Луј Витон.

Неговата модна комбинација веднаш стана хит на интернет, а многумина почнаа да му се потсмеваат на изборот.

Кунде е играч на Барселона од летото 2022 година, кога пристигна од Севилја за 50 милиони евра. Французинот сезонава одигра 48 натпревари за Барселона, даде два гола и имаше четири асистенции.

Кунде во кариерата беше член и на Бордо, а за француската репрезентација има одиграно 26 натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО