Тиквеш вечерва дебитира на европската сцена

Вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје (од 20.30 часот), освојувачот на Купот на Македонија, екипата на ГФК Тиквеш го пречекува исландскиот Бредаблик, во квалификациите за Лигата на конференции (ЛК).

Еден од најстарите македонски фудбалски клубови, Тиквеш од Кавадарци, испишува нова, светла страница во клупската историја. Клубот кој е формиран пред речиси 100 години, во 1930-та, за првпат ќе игра официјален меч на меѓународна сцена.

Тиквеш игра на домешен терен, во Скопје, во тропски услови, и пред своите навивачи, но гостите, можеби се во мала предност со оглед на тоа дека се во натпреварувачки ритам затоа што во моментов првенството на Исланд е во полн ек.

Но, тренерот на Тиквеш, Ѓорги Мојсов е оптимист и верува дека неговите избраници ќе забележат победа за мирен реванш и оти ќе се пласираат во следната рунда.

– Имаме доволно информации за противникот и мислам дека ако одиграме според договореното ќе одиме натаму. Оптимист сум како и секогаш и нема да биде изненадување ако обезбедиме второ коло, рече Мојсов.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО