Јан Вертонген е најстариот стрелец на автогол во историјата на Европското првенство

Со автоголот кој го постигна во 85. минута од 1/8-финалниот натпревар на ЕП 2024 со Франција, 37-годишниот белгиски репрезентативен дефанзивец Јан Вертонген и донесе победа на Франција од 1:0. Воедно Белгиецот со ова стана најстариот автор на автогол во историјата на ЕП.

Да потсетиме, натпреварот од 1/8 финалето на ЕП 2024, во кој се сретнаа селекциите на Франција и Белгија, заврши со победа на Французите со резултат 1:0 благодарение на автоголот на Вертонген. Така Французите се пласираа во четвртфиналето на ЕП каде ќе се сретнат со победникот од дуелот Португалија-Словенија.

Репрезентацијата на Белгија денес го заврши настапот на ЕП 2024.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО