Франција ќе мора да го зголеми буџетот за наградување на олимписките медалисти

Француското Министерство за спорт ќе биде принудено да го зголеми буџетот за наградување за освојувачите на медали на Олимписки игри (ОИ) во Париз, доколку фудбалската репрезентација биде успешна, односно освои едно oд првите три места, објавија медиумите во таа земја.

Франција одвоила 18,64 милиони евра за награди на олимписките и параолимписките учесници- медалисти. Со тие пари Французите очекуваат да наградат 138 олимписки и параолимписки шампиони (46 златни, 41 сребрен и 51 бронзен медал).

Франција моментно има 47 медали, но евентуалната победа во финалето на фудбалскиот турнир најверојатно значително ќе ја зголеми исплатата. За златен медал на ОИ, Франција секој спортист ќе го награди со 80.000 евра, за сребрен со 40.000, а за бронзен медал со 20.000 евра.

Покрај спортистите, бонуси ќе добијат и други претставници. Во Франција постои систем од три круга. Првиот (добива најголема сума) вклучува луѓе кои ги извршуваат главните тренерски функции.

Вториот вклучува луѓе кои се дел од тимот на спортистот (партнер за обука, помошник тренер, итн.). Третиот круг вклучува луѓе кои се вклучени во општото и раководното опкружување на тимот (логистика, итн.).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО