Баерн сака да го купи Чави Симонс, но во 2025 година

И покрај тоа што го посакуваа уште во овој преоден рок, сепак нема да се реализира трансферот на 21-годишниот играч на Холандија, Чави Симонс во Баерн Минхен.

ПСЖ му го позајми играчот од средниот ред на Лајпциг, каде што ја мина минатата сезона. Според новинарот Флоријан Плетенберг, тимот од Минхен останува заинтересиран за Симонс и веќе начелно го договорил неговиот трансфер во 2025 година.

По сезоната 2024/25, Симонс ќе има уште две години од договорот со парижаните, што може да му ја намали вредноста. Да потсетиме, Чави Симонс стана најдобар асистент на Лајпциг во Бундеслигата во 2023/24.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО