Хезоња МВП на Евролигата за декември

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња (28) е прогласен за најдобар играч (МВП) на Евролигата во декември. Тој го предводеше Реал Мадрид во серијата победи, објави денеска Евролигата.

Европскиот првак Реал Мадрид го заврши првиот дел од сезоната со 16 победи и еден пораз во Евролигата, а во текот на декември забележа пет победи во низа со Хезоња во составот.

Хезоња постигна 18 поени во победата на гости кај Олимпијакос, а два дена подоцна 19 поени во триумфот над Панатинаикос во Атина, а успешната серија ја продолжи со настапите против Баерн, Црвена звезда и Партизан.

Тој минатиот месец постигнуваше во просек 16 поени по натпревар за 24-те минути игра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО