(ФОТО) Огромна гужва – се полни стадионот во Дизелдорф: Тука е и македонската фаланга

За нешто повеќе од еден час во германски Дизелдорф ќе биде испишана историја и тоа на меч на кој ќе игра Македонија.

На стартот на ЕП во ракомет силите ќе ги одмериме против Франција, а дуелот ќе се игра на стадион на кој ќе има над 50.000 гледачи.

Трибините полека се полнат, има голема гужва на влезовите и во потрибинскиот простор, а меѓу гледачи има и солиден број Македонци.

Па така македонската фаланга нема да изостане и на овој меч и сигурно е дека ќе даде голема поддршка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО