Интер очекуваше многу од младиот Французин, но го испрати на четврта позајмица

Лусиен Агуме кариерата ќе ја продолжи во Севиља. Интер на тој начин го испраќа овој млад француски играч за врска на четврта позајмица, а Севиља ќе има право да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.

Младиот репрезентативец на Франција, Лусиен Агуме ги напушти редовите на актуелниот лидер на Серија А, Интер.

Имено, Агуме имаше само еден официјален настап за Интер во актуелната сезона, па неговото заминување не е изненадување.

Кариерата како позајмен играч ќе ја продолжи во Севиља, кај која сезонава не цвета рози и е во долниот дел од табелата, а се очекува да се бори за останување во шпанската елита.

Инаку, Агуме во Интер пристигна во 2019 година од Сошо во трансфер вреден 3,5 милиони евра, а челниците на италијанскиот клуб очекуваа големи работи од него, но младиот дефанзивен играч за врска не успеа да се избори за своето место во тимот.

Вкупно одигра четири натпревари за првиот тим на Интер, а од неговото доаѓање во Интер поголемиот дел од времето го помина на позајмица.

Од летото 2020 до летото 2021 година, тој беше на позајмица во Специја, а следната сезона ја помина на позајмица во Брест. Минатата сезона играше за Троа, пред летово да се врати во Интер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО