(ФОТО) Евролига: Реакции од Партизан за „ножот в грб“ од Ѕвезда: Го цитираат Силвестер Сталоне!

За Партизан само победата на Црвена ѕвезда во Истанбул ќе значеше шанса за пласман меѓу првите 10 во Евролигата. Но „црвено-белите“ го завршија натпреварувањето сезонава со историски срам во Истанбул (минус 45 против Анадолу Ефес што е најголемата разлика со која загубиле во Евролигата), по што меѓу првите реагираа од таборот на најголемиот ривал, Партизан.

Со саркастична порака на социјалните мрежи прв се јави капитенот, Кевин Пантер: „Многу очигледно!“, напиша кратко тој додека се’ уште траеше натпреварот, алудирајќи на тоа дека кошаркарите на Црвена ѕвезда немаат посериозна намера да се обидат да му помогнат на најголемиот ривал.

Партизан вечерва пред своите навивачи ја пречекува Валенсија, во натпревар без резултатско значење, и ќе ја заврши сезоната како прв тим „под линијата“ за пласман во плеј-инот.

Од клубот се огласија и со цитат на Силвестер Сталоне!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО