Ѓоковиќ се жали на топлото време во Монте Карло

Првиот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ (36) се пласираше во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Монте Карло. Тој во мечот од 3. коло го совлада Италијанецот Лоренцо Музети од кого лани загуби на истиот турнир, со 7:5, 6:3.

Ѓоковиќ во четвртфиналето, во третиот меч денеска, ќе игра против Австралиецот Алекс Де Минаур, кој во 3. коло го победи сонародникот, Алексеј Попирин со 6:3, 6:4.

Најдобриот играч на сите времиња, по мечот се пожали на жештините во Монте Карло.

– Подобро да минам два часа во 39-та отколку ова, му рече Ѓоковиќ по мечот на некој од неговиот штаб на трибините, алудирајќи на автобусот број 39, кој сообраќа низ Белград.

Во текот на првиот сет Ѓоковиќ побара да се провери една топка за која сметаше дека е аут. Беше во право, снимката покажа дека топката на Музети е аут.

Но имаше свирежи од трибините, на што Ѓоковиќ реагираше со насмевка, сугерирајќи им да бидат побучни, симулирајќи диригирање.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО