Фиорентина повторно е во финалето на Лигата на конференции

Фудбалерите на италијанска Фиорентина обезбедија ново финале во Лигата на конференции (ЛК) по ремито, со 1:1, со Бриж во реванш полуфиналниот натпревар во Белгија.

На првиот меч во Фиренца, „виолетовите“ победија со 3:2. Белгијците долго време водеа со голот на Ханс Ванакен (20 минута ), но Аргентинецот Лукас Белтран израмни од пенал во 85-та минута. Италијанскиот тим втора сезона по ред ќе игра во финалето на ЛК откако лани загуби од Вест хем (1:2).

Фиорентина е клуб кој играл во финалето на сите четири европски натпреварувања, Лигата на шампиони (ЛШ)/Куп на шампиони (КЕШ), во Купот на УЕФА/Лига Европа (ЛЕ), во Купот на победниците на куповите (КПК) и во Лигата на конференции (ЛК). Фиорентина го освои КПК во 1961 година.

Во второто полуфинале вечерва Олимпијакос во Пиреја ја пречекува Астон вила која минатиот четврток во Бирмингам ја совлада со 4:2.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО