ФФ на Косово повторно реагира

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) бара Србија повторно да биде казнета поради однесувањето на навивачите на ЕП.

ФФК најостро ги осудува националистичките повици и истакнувањето на српското знаме со мапа на Косово и натпис „Нема предавање“.

– Уште еднаш ги повикуваме органите на УЕФА да бидат посилни во борбата против ваквите непријателски пораки насочени против нашата земја, која ги има истите права како и остатокот од европското фудбалско семејство, стои во дел од барањето на ФФК.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО