Луис Де ла Фуенте не го крие задоволството по вчерашната победа против Италија во 2 коло на Европското фудбалско првенство во Германија.
Селекторот на Шпанија е категоричен дека неговите избраници покажале многу повеќе од противникот и дека самоуверено продолжуваат во фазата на елиминации.
– Нема подобра селекција од нас. Треба да бидеме горди бидејќи го совладавме европскиот шампион. Мислам дека треба да го задржиме балансот во нашата игра – вели селекторот на Шпанија.