Селекторот на фудбалерите на Италија, Лучано Спалети, по вчерашниот пораз од Шпанија во 2 коло во групата „Б“ на евро-шампионатот, вели дека сите противникот можел да победи и поубедливо.
-Имавме многу проблеми. Не успеавме да ги поврземе линиите. Шпанија постојано ни правеше притисок. Лесно ја губевме топката – вели селекторот на „аѕурите“.
Италија во последното коло ќе игра со Хрватска додека Шпанија која обезбеди место во разигрувањето ќе оди на мегдан со Албанија.