Ф1: Реновирањето на патеката во Барселона поскапе за 20 милиони евра

Поправките и подобрувањата на патеката „Барселона-Каталуња“ во близината на градот ќе чинат 20 милиони евра повеќе од планираното, објави весникот „Ел Мундо Депортиво“.

Каталонската влада веќе најави дека ќе инвестира вкупно 50 милиони евра, главно во подобрување на инфраструктурата на популарната патека. Главните подобрувања се однесуваат на влезовите, покривите на трибините, контролната кула, прес-центарот, како и на салите во главната зграда над влезовите.

Се гради и нова ВИП област, а се’ треба да биде готови за Формула 1 (Ф1) трката за Големата награда (ГН) на Шпанија што ќе се одржи на 23 јуни.

Но, еден месец порано, на крајот од мај, патеката во Каталонија ќе биде домаќин на МотоГП трка, што значи дека дотогаш повеќето од работите целосно треба да бидатзавршени

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО