Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, немаше баш најдобар ГП викенд во Унгарија, па неколкупати на патеката покажа нервоза и несвојствено однесување.
Тој имаше и тркачки инцидент со Луис Хамилтон, а по трката кон своите критичари упати порача во контекст дека треба да „одјеб**.
Верстапен беше обвинет од доста навивачи, но и сеопшто фанови на Формула1, дека не ги почитувал тимските одлуки по радиото, а на тие коментари, пораката на Верстапен беше „можат слободно да одје***.
– Погрешните стратешки решенија ме ставија на позиција каде што завршив, морав да се борам со возачите, да се обидам да ги престигнувам, а на оваа трка, тоа не ни успеа, порача по трката Макс Верстапен.