КК Пелистер се засили со двајца нови кошаркари

Нови членови на кошаркарскиот клуб Пелистер се македонскиот репрезентативец Димитар Пандев и американскиот интернационалец Брајан Антоан.

Пандев минатата сезона ја помина во Кожув, но најсветлите моменти во досегашната кариера ги достигна во тимот на МЗТ Скопје со кого освои двојна круна во сезоната 2022/23.

Антоан има 24 години и игра на бековските позиции, а во Пелистер доаѓа од НЦАА каде ги бранеше боите на Виланова. Тој е второ странско засилување за битолскиот тим по Андрија Бојиќ, а во екипата доаѓаат уште Бобан Стајиќ и Виктор Ташовски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО