Премиер лига: Родри собори рекорд стар 16 години

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри го запиша своето име во историјата на Премиер лигата.

Со вчерашната победа на „граѓаните“ над Манчестер јунајтед, 3:1, Родри стана играчот со најдолга серија без пораз во англискиот шампионат.

Родри не го вкусил поразот со Сити во Премиер лигата од февруари 2023 година, кога тимот на Пеп Гвардиола загуби од Тотенхем, 0:1.

Од тој натпревар па наваму, Шпанецот одигра 59 натпревари без пораз, што е најдолгата серија во Премиер лигата.

Претходниот рекорд од 58 натпревари го држеше Португалецот Рикардо Карвалјо со Челси, помеѓу ноември 2006 и февруари 2008 година.

Родри му се приклучи на Сити во летото 2019 година за тогашниот клупски рекорден трансфер вреден 70 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО