Ф1: Хорнер ги отфрла и новите обвинувања

Директорот на Формула 1 (Ф1) тимот, Кристијан Хорнер, повторно ги отфрли обвинувањата за несоодветно однесување откако беа обелоденети низа наводни непристојни пораки.

Шефот на Ред Бул на почетокот од годинава беше обвинет за „непримерно однесување од сексуална природа“ кон колешка.

Хорнер беше ослободен од вината во средата по внатрешната истрага за неговото несоодветно однесување. Но вчера до Ф1 и до медиумите (до 149 лица!) беше испратен анонимен и-мејл со линк до пораките кои наводно го вклучуваат Хорнер.

– Нема да коментирам анонимни шпекулации. Но, ќе повторам, секогаш сум ги негирал наводите. Го почитував интегритетот на независната истрага и целосно соработував. Тоа беше темелна и правична истрага спроведена од независен специјалист, адвокат и таа заврши, со отфрлање на жалбата. Сега сум целосно фокусиран на почетокот од сезоната, изјави Хорнер.

Претседателот на ФИА,Мохамед Бен Сулајем, и извршниот директор на Ф1, Стефано Доменикали, требаше денеска да се сретнат со Хорнер.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО