Еве колку ќе заработи новиот првак на Европа

Наградниот фонд за претстојното Европско првенство (ЕП) во фудбал во Германија, што ќе ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули, е непроменет во однос на претходниот континентален собир, односно како и пред три години, УЕФА ќе распредели вкупно 331 милион евра.

Секоја од 24-те репрезентации само за пласманот на завршниот турнир на ЕП ќе добие 9,25 милиони евра. За победа во групната фаза се доделуваат дополнителни милион евра, а за реми половина милион.

УЕФА пласманот во нокаут рундата, во осминафиналето го наградува со дополнителни 1,5 милиони, во четвртфиналето со 2,5, а во полуфиналето со четири милиони евра.

Нови пет милиони го чекаат поразениот финалист, а осум милиони евра победникот. Максималната сума што може да ја заработи европскиот шампион, доколку забележи три победи во групата, е 28,25 милиони евра.

Тититулата европски првак ја брани Италија која е во групата Б, со Хрватска, Шпанија и Албанија.

Награден фонд на ЕП 2024 во Германија:

Вкупен фонд: 331 милион евра

Бонус за пласман: 9,25 милиони евра

Победа во групата: милион евра

Реми: 500.000 евра

Пласман во осминафинале: 1,5 милиони евра

Четвртфинале: 2,5 милиони евра

Полуфинале: 4 милиони евра

Поразен финалист: 5 милиони евра

Конечен победник: 8 милиони евра

Развој на наградниот фонд од  ЕП 1996:

1996 година (16 екипи): 57,05 милиони евра

2000 година (16): 74,42 милиони евра

2004 (16): 127,80 милиони евра

2008 (16): 184 милиони евра

2012 (16): 196 милиони евра

2016 (24): 301 милиони евра

2021 (24): 331 милиони евра

2024 (24): 331 милиони евра

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО