Мартинели: Винисиус е број 1, без конкуренција!

Фудбалерот на Арсенал, Бразилецот Габриел Мартинели, има фаворит за наградата  „Златна топка“. Тој е убеден дека неговиот соиграч од репрезентација на „кариоките“, Винисиус Жуниор, треба да го добие тоа признание. Напаѓачот на Реал Мадрид сезонава даде 24 гола и имаше 11 асистенции.

– Според мене, тој заслужува да ја освои „Златната топка“, потенцира Мартинели кого набргу со Бразил го очекува настапот на Копа Америка.

Тоа ќе биде шанса за Жуниор да освои нов трофеј откако им се израдува на шампионските пехари во шпанската Ла лига и во Лигата на шампиони (ЛШ).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО