Еурофарм Пелистер остана без двајца клучни ракометари

Еурофарм Пелистер остана без двајца клучни ракометари. За Ненад Костески веројатно заврши сезонава, а Павле Атанасијевиќ ќе биде надвор од терените најмалку три недели.

Битолчани преку официјално соопштение потврдија дека тие се повредиле на последниот меч од Лигата на шампиони (ЛШ) кај норвешкиот, Колштад и дека ќе мора да одат на рехабилитација.

Костески има скинат вкрстен лигамент на коленото, а Атанасијевиќ фрактура на носната коска. Тие ќе го пропуштат и пријателскиот двомеч Македонија – Романија во ЕХФ неделата

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО