Еуро Никел со судни маки го совлада Чаир

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 му се придружија на МЗТ Скопје во полуфиналето на
Купот на Македонија откако остварија очекувана победа против дебитантот Чаир со 87-79.
Двете екипи пружија солидна игра а пресуди финишот на мечот кога Кавадарчани успеаја
да се одлепат во завршните секунди и да ја сочуваат предноста.

Во редовите на Еуро Никел најпрецизен беше Мек Смит кој постигна 28 кошеви
додека во редовите на Чаир се издвои Роби со 20 поени. Еуро Никел во наредната рунда
ќе игра со победникот од мечот меѓу Пелистер и Феникс.
Претходно МЗТ Скопје успеа да слави на мечот со Гостивар со 91:76 и да влезе меѓу
најдобрите четири во Купот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО