Репрезентативецот на Данска, Кристијан Ериксен, е лидер според направените шансите за соиграчите по првата фаза на Европското првенство (ЕП) во Германија.
Ветеранот од средниот ред на Данска успеа на трите меча во групната фаза да им создаде вкупно 13 прилики за гол на соиграчите. Во тој статистички показател во „топ 3“ влегуваат белгискиот играч за врска, Кевин де Брујне со 11 и турскиот репрезентативец, Ферди Кадиоглу со 10.