Емери го продолжи договорот со Астон вила

Менаџерот на Астон вила, Унаи Емери, потпиша нов петгодишен договор со клубот од Бирмингем. Шпанецот ќе остане на „Вила парк“ до 2029 година.

По фантастичната сезона во Премиер лигата, Астон вила обезбеди пласман во Лигата на шампиони следната сезона, а голема заслуга за тоа има шпанскиот тренер.

Унаи Емери (52) пристигна на „Вила парк“ од Вилјареал во октомври 2022 година, кога клубот беше на 17. место во Премиер лигата. Во истата сезона ги предводеше до седмото место, а сезонава ја заврши на четвртата позиција зад Манчестер сити, Арсенал и Ливерпул.

Поранешниот менаџер на Севилја, ПСЖ и Арсенал сезоната  со Астон вила стигна до полуфиналето на Лигата на конференции, во првата европска кампања на клубот од  Бирмингем по 13 години.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО