Лалана ќе биде првото засилување за новиот Премиерлигаш

Повратникот во англиската фудбалска елита, екипата на Саутемптон, најверојатно како прво ново засилување ќе го има англискиот ветеран Адам Лалана. Според информацијата која ја објави неколку медиуми, Саутемтон уште денеска влегол во преговори со играчот од средниот ред.

Претходно, Адам Лалана веќе настапуваше како дел од Саутемптон во младинските категории. Лалана овој јуни го завршува договорот со Брајтон и како слободен играч ќе може да се пресели во редовите на „светците“.

Оваа сезона 36-годишниот играч одигра 30 натпревари без постигнат гол.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО