Ембид оди на операција, следува подолга пауза

Новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, откри дека ѕвездата на Филаделфија и МВП на НБА лигата, Џоел Ембид ќе мора да оди на операција на менискусот на левото колено, по што ќе отсуствува од терените подолго време.

Центарот на Филаделфија се повреди по дуелот со Џонатан Камингс на натпреварот против Голден Стејт. Во борбата за топката Камингс се фрли на коленото на Ембид, кој потоа мораше да замине во соблекувалната.

Ембид моментално е водечки стрелец во НБА со 35,3 поени по натпревар. Оваа сезона имаше просек од 11,3 скока и 5,7 асистенции по меч.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО