Калин падна на 341. место на АТП, Лина скокна на 242. место на ВТА листата

Најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски на денес објавената АТП ранг-листа има пад за 12 позиции и се наоѓа на 341. место со 149 поени. Падот се должи на фактот што Ивановски има и 8 поени помалку од претходната недела.

Горазд Србљак е без промена со скок за две места и се наоѓа на 1065. место, додека Обрад Марковски има пад за 160 позиции и е рангиран на 1605. mесто.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, пак, се наоѓа на 242. место на ВТА листата, што е скок за една позиција во однос на претходната недела. Таа има 312 поени. Ѓорческа оваа недела ја очекува настап на ИТФ фјучерс турнир во Анталија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО